ЈСП со демант: Не е точно дека се полнат автобуси со канистери на улица
Во врска со изнесените наводи во јавноста дека автобус на ЈСП Скопје бил „полнет со гориво со канистери директно на улица“, ЈСП Скопје ја информира јавноста дека станува збор за целосно неточна и неоснована
интерпретација на ситуацијата.
Имено, возилата од производителот MAN, за кои се однесуваат објавените снимки и фотографии, како погонско гориво користат метан, поради што е невозможно истите да бидат дополнувани со гориво од кантери на улица, како што неосновано се тврди.
Во конкретниот случај станува збор за ситен технички дефект – пукнато црево, при што истекла мала количина антифриз. Поради тоа, на терен била извршена соодветна интервенција и дополнување на течноста за ладење, а не полнење или дополнување гориво.
Оттука, апелираме до јавноста и до сите субјекти кои објавуваат информации да не изнесуваат непроверени и погрешно интерпретирани информации, особено кога станува збор за безбедноста и техничката исправност на возилата во јавниот градски превоз.
ЈСП Скопје и понатаму ќе продолжи навремено да интервенира при секој воочен технички проблем, со цел обезбедување безбеден и непречен превоз на патниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЈСП со демант: Не е точно дека…
Во врска со изнесените наводи во јавноста…
Скопјанка сведочи за потегот на возач на…
Возач на автобус на ЈСП со својата…
Распишан е нов тендер за набавка на…
Тендерот за набавка на 100 автобуси за…
Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна…
„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со…
Жена физички нападнала малолетничка во автобус на…
На 16.05.2026 во 23:33 часот во СВР…