Објавено на:

Ќе се зголеми минималната плата во Албанија и тоа за повеќе од 50 евра

t

Минималната плата во Албанија ќе продолжи да се зголемува и во следните две години па во 2025 година ќе достигне до 45 илјади леки, изјави албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај.

 „Од 1 април минималната плата се зголемува на 40.000 леки што е зголемување за 17,6 отсто од претходниот износ од 34.000 лекa. За нас е предизвик да ја зголемиме просечната плата.  Албанија мора да премине на друг стандард.  Ако во 2000 година бевме атрактивен пазар бидејќи имавме работна сила со ниски плати, денес мора да станеме конкурентни за квалификувана работна сила“, рече Ибрахимај.

Таа нагласи дека бизнисмените сфатиле дека вработените треба да се ценат и подобро да се плаќаат.

Според неа, има многу фирми кои за минимална плата го надминале владиното ниво од 40 илјади лекa. До крајот на 2022 година во албанската преработувачка индустрија ќе има 8.500 компании. Вкупниот број на вработени е 88.452 или 12,7 отсто од вкупниот број на вработени во земјава.

Минималната плата во оваа земја последен пат беше зголемена во септември минатата година, но иако постојано се зголемува, сепак останува најниска во споредба со земјите од Европа и регионот.

Моменталната минимална плата е 285 евра, додека со зголемувањето од 1 април ќе изнесува 336 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

Албанија во топ 10 земји со најголем…

Албанија е меѓу земјите со најбрзо растечка…

Приоритет на НАТО во Албанија: Премин во…

Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во…