Објавено на:

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони ја посетиле земјата во првите три месеци од 2024 година

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава на социјалните мрежи каде вели дека е „поставен нов рекорд во туризмот на Албанија“.

– Над 1,7 милиони странски туристи не посетија во првите три месеци од 2024 година, поставувајќи нов рекорд за нашата млада туристичка индустрија. Во Албанија само во текот на месец март уживаа 734 илјади посетители, или 91 отсто повеќе од март минатата година, што во бројки бележи голем напредок, на кој мора да одговориме со се повисоки стандарди на гостопримство, здружувајќи ги силите за јавни и приватни услуги на најдобро ниво, напиша Рама.

Историски рекорд, по бројот на туристи, на годишно ниво, Албанија забележа лани, кога во земјата престојувале 10,1 милион туристи што е за над 2,5 милиони туристи повеќе во однос на претходната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…