Џозеф: ЕУ не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања

t

Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања, оцени меѓудругото, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот.

„Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф.

Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја.

„Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина“, подвлече тој.

На истиот панел, министерот Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми. Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џозеф: ЕУ не смее да врши притисок…

Европската Унија прави грешка доколку врши притисок…

ЕУ ја исплати првата транша од новиот…

Европската Унија ја исплати првата транша од…

Мерц: „Никој не знаеше што да правиме…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, за време на…

ЕУ до Турција: Гасот што го испорачувате…

Европската Унија бара гасот што се испорачува…

Битка за кеш од 2 трилиони евра…

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел…