Автомобил и автобус на ЈСП се судриле во Маџари, патничка во автобусот е тешко повредена
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила во болница со тешки повреди, кога автобусот се судрил со автомобил во населбата Маџари, информираат од полицијата.
„На 02.09.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Благоја Стевковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(60) од с.Пакошево, општина Зелениково и автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“, се здобила 63-годишната С.П., која се превезувала во автобусот. Екипа на СВР Скопје извршила увид“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…
Загина возач, автомобилот се запалил по удар…
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…
ЈСП со демант: Не е точно дека…
Во врска со изнесените наводи во јавноста…
Полициски службеник повреден во сообраќајка со мотоцикл…
На 28 август 2026 година, во 20:42…
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…