Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони кон граница

t

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот кон граничниот премин Блаце, при што, според првичните информации, има и повредени лица, дознава 24инфо.

Во сообраќајката учествувале повеќе возила – два автомобили „голф“, возило БЈД и товарно возило – шлепер. На фотографиите од местото може да се забележат сериозно оштетени автомобили, активирани воздушни перничиња и делови од возилата расфрлани по коловозот.

Несреќата предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и долги колони возила на патот кон македонско-косовската граница.

Во моментов сообраќајот кон Косово се одвива само по една сообраќајна лента, додека возилата кои доаѓаат од Косово во правец кон Скопје се пренасочуваат по селски пат.

Поради сообраќајката се создадени колони, а движењето во овој дел се одвива отежнато. Возачите кои се упатуваат кон ГП Блаце треба да бидат внимателни и да очекуваат задржувања.

Засега нема официјални информации за бројот и состојбата на повредените, ниту за причините за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…