Академик Стојков за најновиот грчко-бугарски „пазар“: Нема научни докази дека моштите се на Цар Самоил

t

Не е научно потврдено дека моштите кои Софија ќе ги добие в сабота се на цар Самоил, ниту пак Бугарија и Грција имаат правна основа за нивно предавање, вели историчарот Стојко Стојков за порталот МКД.

Стојков, професор специјализиран за средновековна историја и копретседател на ОМО Илинден-Пирин, смета дека нивното предавање не е само историско, туку и правно прашање.

Тој вели дека церемонијата ќе добие и политичка димензија и ќе биде злоупотребена за поткрепување на историските наративни на Бугарија и Грција спрема Македонија.

– Овој чин на примопредавање на останките на цар Самоил што го договориле Бугарија и Грција не е само историско прашање, туку и правно. Бугарија нема правна основа да ги бара тие останки – ниту се пронајдени па изнедени од нејзина територија, ниту ѝ припаѓале на Бугарија, а ниту е потврдено дека тие останки се воопшто на цар Самоил. Откриени се на грчкиот дел од Преспа, на островот Свети Ахил, пред педесетина години и не е потврдено дали се од цар Самоил. Можеби се, а можеби и не се.

Стојков ја става најавената размена и во поширок контекст на долгогодишната соработка меѓу Софија и Атина. Тој потсетува дека разговорите за размена на историски артефакти траат уште од периодот кога Бугарија влезе во ЕУ.

– Оваа соработка за размена за артефакти меѓу Бугарија и Грција се договора уште од времето кога Бугарија влезе во ЕУ, некаде од 2007/2008 година. Грција веќе долго време бара враќање на артефакти од нејзината територија, разнесени низ светот, па и овој договор со Бугарија е во тој контекст – вели Стојков.

Тој смета дека Македонија треба да отвори и прашање за артефактите што, според него, биле изнесени од нејзината територија за време на бугарските окупации.

– Бугарија веќе има опљачкано многу артефакти од Македонија, во време на окупациите што ги извршила на македонска територија. Можеби окупациите не биле временски долги, но доволно за пљачкање на артефакти, со изговор дека се „бугарски“. Македонија, како држава треба да ги побара тие артефакти украдени од нејзина територија – смета Стојков.

Според грчките медиуми цитирани во изворниот текст, Бугарија за возврат треба да ѝ предаде на Грција православни културно-историски артефакти изнесени од два манастира во областа Драма за време на Првата светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Академик Стојков за најновиот грчко-бугарски „пазар“: Нема…

Не е научно потврдено дека моштите кои…

„Пулс“: Одржани 49 рочишта, изведени 1.390 материјални…

Од почетокот на судењето за случајот со…

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Претреси на околу…

Неофицијално, Прилеп од рано утрово е под…

Како Хутите можат да предизвикаат глобална економска…

Додека се прават дипломатски напори за завршување…

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна…

Со изведување на материјалните докази од страна…