Андоновска: Пратениците на коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе понудат решенија за проблемите на македонските граѓани – Имаме најдобар кандидат за претседател на Република Македонија!

t

Јас сум овде заради сите вас, сите граѓани на Скопје и на Република Македонија, порача денеска од Карпош носителката на пратеничката листа за ИЕ 1 на коалицијата „Храбро за Македонија“, примариус д-р. Добрила Андоновска.

Таа истакна дека верува во господинот Јакимовски и неговата визија за Македонија.

– Целиот свој живот сум го посветила на сите пациенти, исто така ќе се трудам на секој од вас, на секој граѓанин, да ги сослушам вашите проблеми и да дадам решение.

Сите знаеме каква е состојбата во македонското здравство, кајшто нема човек од нас каде не сме побарале помош. Мене ме боли македонското здравство затоа што сум поминала 35 години во него, поминаа стотици илјади пациенти низ мојата ординација и операциона сала. Мене ме боли македонското здравство затоа што целото семејтво ми е во македонското здравство и многу добро знам како изгледа затоа што и јас сум била пациент и знам како изгледа да поминете низ некои ходници, да побарате помош, а да слушнете дека на илјадници пациенти не им била пружена помош. Затоа сакам да го променам тоа, порача Андоновска која се осврна на иселувањето на младите.

– Да ги вратиме децата, да ги вратиме овде затоа што и на нив и на нас ни е подобро заедно. Тоа сите ние идните пратеници, нашиот претседтаел и сите кои ќе влеземе во македонскиот парламнент благодарение на вашите гласови, да го решиме тоа, нагласи Андоновска.

Д-р. Андоновска истакна дека политичарите 30 години се однесуваа кон Македонија како да е туѓа земја и порача дека треба да изградиме функционална држава во сите општествени сфери.

– Имаме најдобар кандидат за претседател на Република Македонија, нагласи Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…