Андреас Трајковски освои сребро и постави нов македонски рекорд!
Еден од најдобрите македонски атлетичари, Андреас Трајковски оствари одличен резултат на Балканијадата во Истанбул откако освои сребрен медал и постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала.
Трајковски скокна далечина од од 7.79 метри, што е најдобар резултат на Македонец во сала.
Тој до последната серија беше на првото место со скок од 7.75 метри, но Лука Чукрковиќ од Хрватска во 6-та серија прескокна 7.81 метри. Андреас во 6-та серија прескокна 7.79 метар, но недоволно за златото. Бронзениот медал го освои Божидар Сарабуков од Бугарија со 7.74 метри.
Следен настап Андреас ќе има на 13-ти февруари во Белград на меѓународен атлетски митинг во сала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…