Арсовска на координативен состанок со Јакимовски: Ќе се решаваат сите предизвици на граѓаните
Денеска одржавме координативен состанок со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претставници на урбаните заедници од општината Карпош. На средбата присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на секторите од Град Скопје.
Тимовите од Град Скопје воспоставија редовна соработка со Општината Карпош за решавање на сите предизвици што ги имаат граѓаните со цел да се одговори на нивните барања кои во најголем дел се од областа на сообраќајот, уредувањето на просторот со зеленило и комуналната хигиена. Изнесените барања од граѓаните ќе бидат дел од акцискиот план со проекти кои Градот Скопје ги реализира во населените места во оваа општина.
Претставници од Град Скопје и од јавните градски претпријатија веќе почнаа теренски активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Карпош, која ја сочинуваат 13 урбани и 1 месна заедница, стои во објавата на Фејсбук на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На денешен ден пред 36 години свечено…
Пред 36 години, на 12 август 1990…
Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Лажен полицаец 18 месеци работел заедно со…
Извештајот на словенечкото Министерство за внатрешни работи…
Од денеска нови правила во ЕУ за…
Во Европската Унија од денеска на сила…
Гужви на границите: На Табановце и Богородица…
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово…