Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил бремената сопруга, па се обидел да се самоубие
Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била во деветтиот месец од бременоста, била убиена во неделата, на 23 август, околу 23:20 часот во семејната куќа во селото Кервасари во општина Малишево во Косово од страна на нејзиниот 26-годишен сопруг, кој потоа се обидел да изврши самоубиство, објавија српските и косовските медиуми.
Полициските патрупли ги затекнале во спалната соба сопружниците со рани нанесени од огнено оружје. Бремената жена околу 0:15 часот била донесена во Итната помош во Универзитетскиот клинички центар во Приштина без знаци на живот, а нејзината смрт била официјално потврдена во 1:10 часот. Нејзиниот сопруг бил примен со тешки повреди опасни по живот и се наоѓа под непрекинат медицински надзор.
На местото на настанот било пронајдено и одземено огненото оружје со кое е извршено злосторството, а телото на жртвата било пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција.
Државното обвинителство покрена постапка за кривичните дела тешко убиство и неовластено поседување оружје, а во соработка со полицијата ги презема сите дејствија за утврдување на сите околности околу злочинот. Од настраданата 25-годишна жена на социјалните мрежи се простуваат членовите на нејзиното семејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…