Атанасовски: Овие пратеници на СДСМ не можат да го вратат кредибилитетот на партијата!

t

Една од кардиналните грешки на СДСМ е што отиде со носители на листи кои се поранешен МВР, поранешен министер за здравство, министер за култура. Како може тие да бидат перјаници кои предизвикале толкав гнев кај народот? – вели во гостување во „Тешки муабети“ политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски.

– Тие луѓе треба да ти бидат институционална тупаница во Собранието. Како Оливер Спасовски, Славјанка Петровска или Бисера Костадинвска Стојчевска ќе ја критикуваат владата на ВМРО-ДПМНЕ кога народот не бил задоволен и од нивната работа?
Ако мислат СДСМ дека ќе го вратат кредибилитетот со овие пратеници, тоа тешко ќе се случи. И најдобрата власт на светот се троши, има скандал, кога граѓанинот ќе почне да размислува да го казни ВМРО-ДПМНЕ за некој скандал и ќе го види Оливер Спасовски на пример на собраниска говорница, немам ништо лично кон тие луѓе, но ќе рече „како да гласам за овие?“ – вели Атанасовски кој смета дека тие поранешни функционери ќе одвратат гласачко тело кое е независно.

– Проблем е што тие луѓе не можат да го вратат кредибилитетот на СДСМ како партија, прашање е дали ќе имаат доблест да си поднесат одговорност и оставки сите до еден. Не можетеда барате одговорност од претседател на месен комитет на СДСМ во Лозово, или од комитет во Зрновци на ВМРО-ДПМНЕ, се знае кој носи одговорност.
Ние видовме дека имаше оставки од политичките функции, но досега не видовме оставки од пратеничките функции, вели Атанасовски.

– Ако СДСМ биде изгубена низ времето и просторот, ДУИ ќе биде главна опозициска партија, тоа ќе биде многу опасен судир и етнички конфликт и тоа е многу лошо сценарио за Македонија, вели Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Тошковски го потврди имотот во зградата со…

Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот…

СДСМ: Мицкоски немаше проблем со колената кога…

Премиерот Христијан Мицкоски во интревју за Топ…