Тошковски го потврди имотот во зградата со поклонот на Јанушев, какви бизниси имаат?

t

Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот во истата зграда која што е дел од шемата за фамозниот, поклонет имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, реагираат од СДСМ.

– Ова дава ново светло на скандалот со подарокот од 325.000 евра за Јанушев.

Сега Тошковски треба да одговори каков заеднички бизнис имале двајцата?

Како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски во зграда во центарот на Скопје? 

Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра?

Овој случај потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин.

Очекуваме надлежните институции, Јавното обвинителство и ДКСК да ги истражат сите аспекти на овој случај и да ги информираат граѓаните. – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…