Ахмети на средба со Курти, било договорено заедничко управување со границата

t

Делегација од ДУИ на чело со лидерот Али Ахмети вчера оджа средба со премиерот на Косово, Албин Курти.

Како што беше соопштено, биле договорени интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица. На оваа средба Ахмети и Курти разговарале и за состојбата со пандемијата во двете држави, за состојбата во здравствените установи како и за олеснувањето и отстранувањето на мерките.

„Други точки на разговор на оваа средба беа и патот Тетово-Призрен, автопатот Приштина-Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и во Брезовица, политичката ситуација во регионот, дијалогот меѓу Скопје и Софија, Белград и Приштина, итн. Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина-Блаце-Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен, се наведува во партиското соопштение за средбата.

Дел од разговорот меѓу Ахмети и Курти беше и дијалогот Косово-Србија, процес кој треба што поскоро да се заокружи со меѓусебно признавање меѓу двете земји за да се одржи стабилноста и просперитетот на земјата и за подобра иднина на граѓаните, бидејќи според двајцата соговорници местото на целиот Западен Балкан е во големото европско семејство, во траен мир, безбедност, стабилност“, се додава во соопштението од ДУИ.
„Продолжуваме да му даваме поддршка на Косово во однос на изнаоѓање решение со Србија преку заемно признавање како важен процес за стабилност и развојна перспектива на целиот регион“, нагласува Ахмети.

Двете владини делегации го завршиле денот со пријателска вечера.

Ахмети на средбата бил придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Бесими, Османи, Шаќири, Бектеши, Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Таму биле пречекани од премиерот на Република Косово, Албин Курти, кој бил придружуван од министерката за образование, наука и технологија, Арберие Нагавци, министерот за финансии, труд и трансфери, Хекуран Мурати, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, министерот за одбрана, Арменд Мехај и шефот на кабинетот Луан Далипи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Организаторот ја скрати…

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на…

Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се…

Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа…

За влез и излез во Македонија се…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

Грција ги порази македонските кошаркарски надежи со…

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години…

“РТС”: Северна Македонија, друштва на мртви цареви

Двајца поранешни бугарски императори и соработници на…