Банкротираше првата азиска држава
Шри Ланка банкротираше поради надворешниот долг од 51 милијарда долари по најтешката економска криза во историјата на оваа земја. Државата е зафатена од акутен и сериозен недостиг на храна и гориво додека се соочува со секојдневни ограничувања за електрична енергија.
Во изминатите неколку недели, јавното незадоволство ескалира со обиди за масовни упади во домовите на членови на администрацијата, а безбедносните сили ги растераа демонстрантите со солзавец и гумени куршуми.
Министерството за финансии соопшти дека, пред да добие финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд, Шри Ланка прогласува банкрот според сите надворешни обврски, вклучително и заеми од странски земји.
Владата презема итна мерка само како крајна опција за да се избегне натамошно влошување на финансиската состојба – се наведува во соопштението.
Економската криза во Шри Ланка почна по неможноста за увоз на основни добра од странство, бидејќи пандемијата влијаеше на падот на приходите од туризмот и приходите од странство.
Шри Ланка побара олеснување на долгот од Индија и Кина, но двете земји, наместо тоа понудија дополнителни заеми за купување стоки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меркел: Израел не треба да се поистоветува…
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изрази силна…
Кошта: Хуманитарната ситуација во Газа е целосно…
„Хуманитарната ситуација во Газа е целосно неприфатлива“,…
Воениот буџет на САД надмина трилион долари
Пентагон поднесе предлог за буџет за одбрана…
Трамп: САД и Кина потпишаа трговски договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да…
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…