БАРАЊАТА ЗА СРБИЈА СЕ ТЕРИТОРИЈАЛНИ, ЗА МАКЕДОНИЈА НАЦИОНАЛНИ: Вучиќ вели дека во Давос никого не го интересира правото, туку моќта
(Падот на ентузијазмот) пред сè се должи на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет или на територијалното прашање, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за РТС од Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија изјави дека конференцијата станала клуб на истомисленици кои се грижат самомо за својот интерес и моќ, а не ги интересира меѓународното право, пренесува Б92. Тој ги спореди барањата за Македонија и Србија за влез во ЕУ како национални, односно територијални.
– Секако, зборуваа претставниците на сите земји, плус претставникот на привремените институции во Приштина, а она што беше јасно е дека има пад на ентузијазмот за влез во ЕУ во земјите од регионот, особено во Македонија и Србија. Ова пред сè се должи на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет или на територијалното прашање – изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…