Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење.
Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба.
„Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското движење. Долго размислував и дојдов до заклучок дека нема да се кандидирам за нов мандат“, рече Бах.
Неговиот наследник ќе биде избран на 143. седница на ИОК во Атина, што ќе се одржи од 18 до 21 март следната година. Бах ќе остане на функцијата до јуни следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…