Белград ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029 година

t

Белград ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029 година – одлука донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Солун, пренесува N1.

Финалето на Лигата на Европа е закажано за 23 мај 2029 година и ќе се одигра на идниот Национален стадион. Истата година, финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи во Барселона. УЕФА останува посветена на својата политика за рамномерен развој и поддршка на регионот на Западен Балкан.

Раководството на европската фудбалска организација – предводено од Александар Чеферин и со клучна улога на Зоран Лаковиќ, заменик-генерален секретар и директор за национални асоцијации – повторно испрати позитивни сигнали кон Белград. И покрај доцнењата, одредени проблеми и одреден отпор, УЕФА даде зелено светло за одржување на финалето на Лигата на Европа во 2029 година. Според првичниот план, Националниот стадион – кој ќе има капацитет од 52.000 гледачи – треба да биде завршен следната година, пренесува N1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…