БОМБА од Запад! Лондон, Париз, Вашингтон и Берлин го укинаа дометот на оружје кое се испраќа во Украина!
Велика Британија, Франција, САД, а сега и Германија ги укинаа ограничувањата за воена помош за Украина, дозволувајќи му на Киев да користи оружје со долг дострел за напади на позиции на територијата на Руската Федерација, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју за телевизијата WDR.
„Веќе нема никакви ограничувања за дометот на оружје што се испорачува во Украина – ниту од Британците, ниту од Французите, ниту од нас, ниту од Американците. Ова значи дека Украина сега може да се брани, вклучително и, на пример, да извршува напади врз воени позиции на руска територија. До одреден момент, таа не можеше да го стори тоа“, рече Мерц. Тој додаде дека сега е потребно Украина да го добие ова оружје. Кон средината на април, Мерц, во интервју за телевизијата АРД, ја призна можноста Германија да испорача крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина, доколку таков чекор биде координиран со европските партнери.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, сепак, рече дека има „многу аргументи“ против таков потег.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека Москва ќе го смета секој напад со германски ракети „Таурус“ врз руски објекти како учество на Берлин во борбени операции на страната на Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Украина и Полска: Руската закана веќе е…
Украина и Полска предупредија на зголемена руска…
САД потврдија дека имаат оружје во вселената
САД потврдија дека распоредиле вселенско оружје во…