Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија достигна 254
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините.
Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот.
Станбени згради, куќи, училишта и здравствени центри се оштетени, делумно или целосно урнати.
Според податоците од локалните власти, 101 лице загинало во Переира, а 95 во Кали, третиот по големина град во Колумбија.
Спасувачите се на терен, продолжуваат со расчистување на урнатините во потрага по преживеани, со механизација, а наместа и со голи раце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…
Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…
Американските амбасади на Блискиот Исток издадоа безбедносни…
Американските амбасади низ Блискиот Исток рано утрово…
Пијани, без дозвола и со забрани: 19…
МВР соопшти дека изминатото деноноќие, на различни…