Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини, бил пријавен и за друга измама како претседател на НВО
Велешанецот кој е пријавен за измами со кубански вакцини е пријавуван и за друга измама преку невладината чиј претседател е дознава Телма. Тој уште пред неколку години доби пријава за измама преку проект наводно финансиран со европски пари, преку невладина на лица со инвалидидтет од Велес. Проектот се реализирал во Охрид, за парк за лица со инвалидидтет но изведувачите пари не добиле. Според информациите на Телма тогаш се работеше за измама од 100 илјади евра, но од полицијата нема одговори како завршила оваа пријава. Нема информации ниту пак дали има нови после написите на Слободен печат дека тој е под истрага за тоа што продавал и аплицирал вакцини кои се од куба а наводно лекуваат рак. Десетици граѓани регираат дека во неизвесност за сопственото но и здравјето на своите блиски го пронашле М.А од Велес и за суми кои се движат од 1500 евра до 3 200 па и нагоре ја купувале вакцината која најчесто не ја ни виделе а им ја вбризгувал самиот добавувач. После голем број неуспешни лекувања и смртни случаи стигнале првите пријави во полиција дека се измамени. Денеска министерот за здравство вели дека и самиот разбрал од медиумите откако беше објави истражувањето.
„Во однос на случајот со кубански вакцини, не сум запознат надвор од медиумските извешати, но морам да кажам дека во Министерството за здравство работиме на повеќе случаи за незаконска употреба на средства и измами и злоупотреби поврзани со тоа“, рече Сашо Клековски – Министер за здравство
Инаку според информациите од луѓето кои пишуваат по социјални мрежи наводните вакцини биле набавувани од Србија а тие најчесто не ги гледале како изгледаат и кој е производителот.
Во Србија има две компании кои се лиценцирани за овие вакцини и директно соработуваат со кубанскиот производител. Првата е белгратската Вама на чиј сајт е објавено дека е присутна на пазарите во земјите од Балканот меѓу кои е и Македонија. Телма стапи во контакт со фирмата за тоа дали соработувала со Велешанецот, но одговор не доби бидејќи директорот бил на пат, па испративме прашања по маил. Втората е Куба медик од Лозница која исто така посредува за лекување директно во Куба. Сепак и двете фирми се само посредници меѓу пациентите и кубанскиот производител на вакцините, а болните е истакнато дека мора да поминат низа истражувања пред да ја примат вакцината која е за стопирање на рак на бели дробови.
Инаку во македонија во МАЛМЕД ваков лек нема регистрирано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…
Велешанецот кој е пријавен за измами со…
Калас: Америка ја принудува Украина да се…
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…
(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…
Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…
„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…
Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…
Вучиќ за можноста од трета светска војна:…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, оцени…