(Видео) Во Украина пристигна вoeна помош од САД во вредност од 200 милиони долари

Првата пратка од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во износ од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти денеска американската амбасада во Украина.
Испораката уследи по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Киев.
„САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош со цел да ги поддржат украинските вооружени сили во нивните напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели на Фејсбук страницата на амбасадата.
Оружје и воена опрема испратија и Естонија, Латвија и Литванија, додека Германија вчера соопшти дека е спротивно на нејзината политика да испраќа оружје каде што има воен конфликт или висок ризик од воен конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шолц бара светот да се обедини околу…
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ја нападна…
Лавров удри по ЕУ: Нацистите ќе влезат…
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предлага…
Трансџендер портпаролот на територијалната одбрана на Украина…
Трансџендер портпаролот на територијалната одбрана на Украина…
Кадиров “воскресна”: Жив и здрав сум!
На официјалниот Телеграм канал на чеченскиот лидер,…
Шојгу: Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа…
Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа највисоко…