(Видео) Во Украина пристигна вoeна помош од САД во вредност од 200 милиони долари
Првата пратка од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во износ од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти денеска американската амбасада во Украина.
Испораката уследи по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Киев.
„САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош со цел да ги поддржат украинските вооружени сили во нивните напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели на Фејсбук страницата на амбасадата.
Оружје и воена опрема испратија и Естонија, Латвија и Литванија, додека Германија вчера соопшти дека е спротивно на нејзината политика да испраќа оружје каде што има воен конфликт или висок ризик од воен конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…