Објавено на:

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

t

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње, пренесуваат српските медиуми.

На фотографиите и снимките објавени на социјалните мрежи може да се види густ чад како се издига од еден од горните катови на зградата на амбасадата.

На терен веднаш дошле противпожарни екипи и според информациите од српските медиуми огнот е локализиран, но се уште работат на негово догаснување. Поради пожарот, настана хаос на околните улици во градот, пишува „Мој Београд“.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или како започнал, пренесува „Нова.рс“.

Надлежните органи сè уште официјално не го коментирале инцидентот, а нема информации за повредени. Обемот на материјалната штета е исто така непознат. Повеќе информации се очекуваат по истрагата од надлежните органи.

Видеото погледнете го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…