(Видео) Еден од спасените Македонци на Халкидики излезе од болница: 20 часа бев во вода
Еден од спасените Македонци на Халкидики, Иван денеска излезе од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата попладне.
Тој во изјава за грчките медиуми информира дека 20 часа бил во вода, додека не бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство во морската област околу 15 наутички милји западно од Посиди.
-Сакам да се заблагодарам на сите што учествуваа во моето спасување и посебна благодарност до хеликоптерскиот тим и екипажот на чамците што ме собра. Беше страшно, не бев 18 часа, туку 20 часа во вода, изјави кратко Иван за грчките медиуми.
Веќе четврти ден се трага по третиот Македонец. Во акцијата која почна во зори, учествуваат три пловни објекти и четири патролни возила на крајбрежната стража, како и групи волонтери, а во текот на денот се очекува авион да го прелета подрачјето.
Спасувачката акција започна во саботата во поладневните часови откако тројцата Македонци влегле во морето на плажата Мити и поради лошото време се одалечиле од брегот. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…