(Видео) Една убава вест: ЧЕТИРИ ГОДИШНАТА ВНУКА НА СКОПЈАНКАТА БРАНКА СЕПАК Е ЖИВА!
Четиригодишната внука на скопјанката Бранка Недељковиќ, за која и самата таа имаше информација дека загинала во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Сирија, сепак е жива! Веста Недељковиќ ја објави во вчерашната донаторска емисија на „Канал 5“.
Девојчето е повредено, но надвор од животна опасност. Во земјотресот загинале три други деца од поширокото семејство на помладиот син на скопјанката Недељковиќ, кој живее во Сирија.
Бранка, која деновиве за повеќе медиуми зборуваше за трагедијата, сега пред камерите раскажа за драмата која се случувала во моментот на земјотресот – снаата го зела едното дете, синот тргнал по девојчето, но не успеал да го извлече пред зградата да се урне. Тој се јавил кај неговата мајка во Македонија и ѝ ја кажал страшната вест. Но, малата внука подоцна била извлечена жива од под урнатините и сега е во болница, откри скопјанката.
Бранка Недељковиќ повеќе од две децении живеела во Сирија, каде е роден и еден од нејзините двајца синови. До почетокот на граѓанската војна во земјата, таа имала убав и мирен живот. Го запознала сопругот, Сириец, во 80-те во Скопје, кога тој бил овде како студент. Потоа заедно заминале за Алепо. Таа за медиумите изјавид дека сега живее во скопски Бутел, каде се грижи за постариот син, кој е во инвалидска количка откако бил погоден од заскитан куршум во Алепо. Неговиот татко, сопругот на Бранка, загинал во експлозија уште на почетокот на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“
Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…
Трамп најави масовно истражување на нафта на…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на…
ММФ предупредува на нова должничка криза: Американскиот…
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека растечкиот јавен…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Над 160 здравствени работници учеа да препозна…
Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…