(Видео) Миленковски: Ај нека проба вчера формирана фирма да го купи Манчестер Јунајтед, да видиме дали ќе може

Во Вардар не се генерира претприемачки дух, таму се создаваат послушници, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” претставникот на навивачката група Комити, Милорад Миленковски.
Тој објасни дека во 2021 година наменски била формирана фирма која требало да го купи и го купила ФК Вардар.
– Ај вака да видиме, одете новоформирана компанија и милијарда евра нека има на сметка, нека проба да го купи Манчестер Јунајтед. Ќе ти дозволат ли да го купиш? Ќе бараат краткорочна, среднорочна, долгорочна стратегија за клубот, како тој да генерира средства, каква позадина имаш за да можеш да го купиш клубот, вели Миленковски кој додава дека во ФК Вардар е потреба финансиска ревизија од страна на надлежните институции и решавање на долгот бидејќи Вардар нема да ги добие потребните лиценци од УЕФА доколку сметката му е блокирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Комити повторно го поздравија Миленко: „Пу*и…
Навивачката група „Комити“ и на денешниот натпревар…
Графит на Комити: Во Вардар нема место…
*Објава на навивачката група Комити на Фејсбук:…
Комити до Миленко: „Кога еден ден ќе…
„Кога еден ден ќе останеш сам, џабе…
„Комити“ со „благодарам“ на повеќе јазици се…
Во вечерта кога се играат и реванш…
(Видео) „И зошто ми иде да плачам…
Фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организира хуманитарен натпревар…