Видео: Навивачи на Хајдук и Ријека се тепаа на автопат
Во текот на вчерашниот ден, навивачи на Хајдук и Ријека влегле во физичка пресметка на автопатот А6 во Горски Котар.
Хајдук и Ријека не играа еден против друг викендов, но навивачите се нашле на исто место и во исто време, по што настанал вистински хаос. Сè започнало кога група од 40 фанови на Ријека тргнале кон десетици ултраси на Хајдук, но набрзо и тие добиле засилување.
Инаку, „Торцида“ патувала за Пула каде што Хајдук требаше да се соочи со Истра, додека навивачите на Ријека оделе кон Осиек на гостувањето на нивниот тим.
На крајот реагирала и полицијата и според информациите голем дел од учесниците во тепачката биле приведени, па не стигнале на натпреварите.
https://x.com/hooliganscz1999/status/1827738048823480629?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1827738048823480629%7Ctwgr%5E2ebc0385361ead58f5b1808619abf701dfb1e589%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-navivachi-na-hajduk-i-rijeka-se-tepaa-na-avtopat%2F
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…