(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ
Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во март годинава гласал на внатрепартиските избори во СДСМ, односно кај претседателот Венко Филипче.
Ристески одговори дека не гласал и веднаш возврати со прашање:
„Зошто прашувате?“
Мирчевски потоа му покажа фотографија од пристапница за членство во СДСМ, со потпис и податоци на Ристески.
Новинарот објасни дека минатата недела се консултирал со СДСМ дали пратеникот формално се откажал од членството, а од таму добил одговор дека не постои формално известување за престанок на членството.
На тоа, пратеникот Ристески одговори:
„Оваа пристапница беше еден потег на младалачки револт, патриотски нагон, бидејќи во тој период јас бев студент на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Но, секојдневните политички настани ги пратев и бев доволно информиран. Јас од тој период отсекогаш го имам тоа патриотско чувство во себе и поблиска ми била секогаш десничарската идеологија.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…