(Видео) Потврдено: Ќе има втора сезона на Squid Game

t

Хит серијата на Netflix, Squid Game ќе ја добие втората сезона, потврдија од популарната платформа за стриминг.

Веста во име на платформата за стриминг ја потврдил Тед Сарандос, еден од извршните директори на компанијата. Во интервју за заработката на Нетфликс во четвртиот квартал од 2021 година, Сарандос бил запрашан дали ќе има втора сезона на насилната јужнокорејска драма за преживување, која стана најгледаната серија на компанијата.

„Апсолутно. Универзумот Squid Game штотуку започна“, рече тој, додавајќи дека компанијата сака серијата да биде франшиза со потенцијал за раст надвор од основната услуга за стриминг, со искуства во живо, игри и облека.

Втората сезона веќе ја најави нејзиниот креатор Хванг Донг-Хјук.

“Имаше толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов за втората сезона. Така што речиси се чувствувам како да не ни оставате избор!” рече Хванг минатата есен. „Но, ќе кажам дека навистина ќе има втора сезона. Во моментов ми е на ум. Во моментов сум во процес на планирање“, рече тој неодамна, потврдувајќи дека главниот актер Ли Јунг Џеј ќе се врати како Сеонг Ги-хун.

Squid Game освои три награди Златен глобус, вклучително и за најдобра ТВ драма, а О Јеонг го освои трофејот за споредна машка улога. Серијата, исто така, доби три номинации за наградите за избор на критичари и наградата Готам за револуционерна серија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најскапата серија на сите времиња „Прстените на…

Објавени се насловот, датумот на емитување и…

(Видео) Потврдено: Ќе има втора сезона на…

Хит серијата на Netflix, Squid Game ќе…

(Видео) „Господарот на Прстените“ добива ТВ-серија

Амазон го објави првиот трејлер и полниот…

По филмот, ќе се снима и серија…

По хит филмот „Тома“ кој предизвика бура…

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…