(Видео) „Господарот на Прстените“ добива ТВ-серија

t

Амазон го објави првиот трејлер и полниот назив на ТВ-серијата „Господар на прстените“, со поднаслов „Прстени на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power).

Во првичниот, кус трејлер е претставена приказната за 20-те прстени на моќта, кои им биле дадени на разните народи кои ја населуваат Средната Земја. Прикажувањето е закажано за 2 септември 2022 година. Епизодите од продолжението ќе се објавуваат секоја недела на стрим-платформата „Амазон прајм“, што е достапна во повеќе од 240 земји.

Новата серија, чија втора сезона е во подготовка, ќе раскажува за настаните што ѝ претходат на оригиналната трилогија во режија на Питер Џексон. Сепак, „Амазон“ засега не ги открива сите подробности околу приказната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…

Во Осиек дошло до експлозија во стан…

Бугарската “БНТ” не обезбедува превод на македонски,…

Веќе цела година, гледачите во Македонија, преку…

Насилен упад во зградата на српската телевизија…

Припадници на српската полиција уапсија 40 членови…

Паралелна сајбер војна? Хакирана телевизијата Russia today

Најголемата хакерска група „The Anonymous“ објави дека…

Една година од заминувањето на Ѓорѓе Балашевиќ

Пред една година на 67-годишна возраст почина…