Најскапата серија на сите времиња „Прстените на моќта“ пристигнува во септември

t

Објавени се насловот, датумот на емитување и првиот трејлер за новата ера на “Господарот на прстените“, која ќе се емитува на Amazon Prime и претставува најскапа серија на сите времиња. Насловена “Господарот на прстените: Прстените на моќта“, серијата пристигнува во септември, а во неа ќе има и нови ликови.

“Три прстени за кралевите на вилениците под небото. Седум за господарите на џуџињата во нивните камени сали. Девет за смртниците осудени на смрт. Еден за мрачниот господар, на неговиот мрачен престол во земјата Мордор каде што лежат сенките”, се вели во едноминутниот трејлер.

Серијата важи за најскапата ТВ емисија на сите времиња, а снимањето неодамна беше завршено. Дејствието ќе биде сместено пред настаните во оригиналните романи и филмови на Господарот на прстените и Хобитот.

„Прстените на моќта ги обединуваат сите главни приказни од вториот среден век: ковањето на прстените, подемот на Темниот господар Саурон, епската приказна за Нуменор и Последниот сојуз на вилениците и луѓето“, велат креаторите на JD Пејн и Патрик Мекеј.

Амазон го купи правото да го адаптира светот на Џ.Р.Р.Толкин за телевизија уште во 2017 година со договор од 250 милиони долари.

Оригиналната заложба на Амазон беше продукција во пет сезони, која се проценува дека вреди најмалку 1 милијарда долари, што ја прави најскапата телевизиска серија некогаш направена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најскапата серија на сите времиња „Прстените на…

Објавени се насловот, датумот на емитување и…

(Видео) Нов македонски филм – Творба на…

Група млади луѓе изработија нов македонски филм.…

(Видео) Потврдено: Ќе има втора сезона на…

Хит серијата на Netflix, Squid Game ќе…

(Видео) „Господарот на Прстените“ добива ТВ-серија

Амазон го објави првиот трејлер и полниот…

Ќе се снима документарен филм за Ноле…

Се подготвува документарен филм за Новак Ѓоковиќ…