(Видео) Ристовски од Куманово: Внимавајте на кого ќе го дадете својот глас – Изберете храбри политичари!

t

Коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР денес е во Куманово. Тука сме за да ја пренесеме пораката за храброст на кумановчани и на сите останати во регионот.

Единствената разлика помеѓу нашава коалиција „Храбро за Македонија“ и сите останати политички субјекти во претседателската кампања е зборот храброст. Храброста е одликата на оваа коалиција, храбтоста е одликата и на лидерите на ГРОМ, Интегра и на ПЦЕР, изјави денеска во Куманово лидерот на Интегра и носител на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица два, Љупчо Ристовски.

– Храбро се спротивставуваме против сите обиди за назадување на македонскиот интерес во нашата татковина. Храбро се спротивставуваме во оваа кампања на сите обиди на секој екстремизам од дома и од надвор да го тргне македонскиот народ од државната позиција во Република Македонија.

Храброста е одлика која не двои и од останатите политички конкуренти и од ВМРО-ДПМНЕ и од сите останати кои се на политичката понуда на овие избори. Зошто го велам ова? Затоа што на едната страна имате понуда која е колеблива, нивното да никојпат не останало да, секојпат прешло во не, нивното не секојпат преминувало во да.

Немаме доверба дека ќе го сочуваат идентитетот на Македонија, нагласи Рисовски кој додаде дека сите мора да внимаваат за кого ќе го дадат својот глас.

– Ние нема да мрднеме ни милиметар од нашите позиции во врска со промената на Уставот, истакна Ристовски кој додаде дека оваа коалиција ќе донесе големи инвестиции во Македонија и во кумановскиот регион.

Целата изјава во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…