(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира – ДПМНЕ нема забелешки за рушењето на крстот и стадионот во Тетово?!

t

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари сѐ уште функционира и ние немаме забелешки, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Коалицијата очигледно совршено функционира дури и за рушење на крст и стадион во Тетово.

Инфомакс доби ексклузивни документи од решението со кое Општина Тетово ја предупредува Црквата да го отстрани крстот. Во решението се предупредува МПЦ да го отстрани крстот во рок од неколку денови, во спротивно Општината ќе отпочне активности за отстранување.

Трагично е што секретар на Општината Тетово која ќе го руши крстот на Попова Шапка е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Коцевски, кој е коалициски договор меѓу Мицкоски и Касами, вели Милош Милошевски кој праша дали ова лице воопшто реагирало, како втор човек во Општината, да спречи не само уривање на крстот туку и меѓуверски и меѓуетнички тензии.

Биљал Касами го урива стадионот на ФК Тетекс изграден за потребите на клубот попознат како градски стадион во Тетово.

Неодамна на култниот македонски клуб, сега член на Втората лига, Тетекс му беше забрането користењето на „Градскиот стадион“ во Тетово. Сега Касами и општинската администрација од која е дел и ВМРО-ДПМНЕ сега го урива легендарниот стадион дом на клубот.

На Тетекс му беше забрането да игра на својот матичен терен со објаснување од Касами и градските власти дека стадионот е „резервиран“ само за екипите од Првата лига, но се поставува прашањето како тогаш на истиот стадион може да играат тимови како Скендербег од Порој и Чаклани од Палчиште.

Стадионот веќе се урива и е даден во целосна сопственост на компанијата Еколог која пак е сопственик на фудбалскиот тим Шкендија што пак упатува дека Тетекс никогаш повеќе нема да може да заигра на својот стадион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците…

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки…