(Видео) Советниците на ДПМНЕ во Карпош блокираат катни гаражи, паркови, фасади, училишта, градинки…

t

Најавата за блокада на буџетот на Општина Карпош за 2024 година од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е невиден егзибиционизам и работа единствено на штета на граѓаните на Карпош, истакна во денешното гостување во Тешки муабети градоначалникот Стевчо Јакимовски.

– Ова е невидено, на буџет на локална самоуправа да поднесеш 4.000 амандмани.

Се работи за егзибиционисти, им се издиша балонот со Онкологија ја замајуваа јавноста два месеци, очигледно таму нема ништо, на Божја правдина ги малтретираа луѓето, се обидоа покојната Вања да ја искористат во нивните гнасни обиди да ќарат некое поенче колку можат. Но министерството за внатрешни работи, морам да кажам, на чело со министерот Спасовски за шест дена да ги пронајдат осомничените, потоа да го лоцираат и Палевски. Им се издиша и тој балон и сега бараат нова сапуница во Карпош, вели Јакимовски.

Градоначалникот наброи само дел од проектите кои се предвидени за работа во следната година, а кои ВМРО-ДПМНЕ сака да ги блокира.

– Тие не ме блокираат мене, блокираат ужинки на деца, реконструкции на кровови и лифтови, субвенции за средношколците за полагање на возачки испит, опструираат преселување во новата општинска зграда, канализација во Бардовци, асфалтирање на улица Ѓданес, реконструција на Теодосиј Синаитски, да не правиме игралишта, да не направиме фасади, руските згради кај СД Гоце Делчев, фасадата на зградата кај што е пожарната и на Борка Телсвки бр.16… Планиравме реновирање на кров на градинката Орце Николов, бидејќи е азбестен кровот, тие ги блокираа тие проекти. Блокираат катни гаражи, паркови…

Ајде да одиме на избори, граѓаните на Карпош добро ќе препознаат кој работи во нивен интерес, а кој е против нив, вели Јакимовски.

Како што објавивме претходно, додека советниците на ДПМНЕ ги блокираат општините во кои немаат градоначалник, додека пратениците на СДСМ и ДПМНЕ здружено изгласаа државна помош за реализација на нереализирани проекти на радоначалниците, кои патем имаат 90% нереализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…