(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични пријави за функционери во Охрид по текст на Инфомакс

t

Кривична пријава по текст на Инфомакс

Министерството за внатрешни работи, односно СВР Охрид, поднесе кривична пријава за Саше Најдески, ВД директор на Комуналец Охрид и близок соработник на Пецаков. Против него и уште други три лица е поднесена кривична за злоупотреба на службена положба и овластување, во врска со набавката на половен багер од фирмата на Нефи Усеини.

Вчера СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 од КЗ ” и “Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” чл.275-в од КЗ.

С.Н. во својство на вд. директор на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид и С.М, И.О и Т.Р во својство на членови на комисијата за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека ценат на единствената понуда за набавка на работна машина – булдужер е повеќекратно ( до 5 пати) повисока од пазарната вредност на истата, на ден 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице “НЕФИ ИК” ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид за сума од 3.304.000,00 денари.

Инфомакс претходно пишуваше за оваа спорна набавка.

Охридски комуналец уште еднаш го позлати Нефи Усеини, овојпат со неверојатни 54 илјади евра за набавка на половен булдожер.

Согласно податоците од сајтот за јавни набавки, ЈП Охридски Комуналец Охрид на 17.01.2024 година склучил договор за набавка на градежна машина булдожер -половен со фирмата НЕФИ ИК ДООЕЛ увоз-извоз Охрид во вредност од 3.304.000,00ден.

На договорот за набавка на половниот булдожер е потпишан в.д директорот на претпријатието, Сашо Најдески.

Се работи за стар, половен булдожер од 1987 година кој на сајтовите за продажба на ваква механизација, зависно од точниот вид на булдожерот чини од 3.000 до 12 или 13.000 евра.

Она што е интересно, покрај астрономската сума за која е набавен булдожерот, е тоа што како единствен понудувач на огласот се јавила компанијата на Нефи Усеини.

Ова не е единствениот тендер од Општината Охрид и охридските претпријатија за Нефи Усеини.

Инфомакс претходно објави документи за тоа како НЕФИ ИК ДООЕЛ увоз-извоз Охрид во две одделни набавки добила 27 милиони и 88 и пол илјади денари или над 451 ИЛЈАДИ ЕВРА!

Дополнително Усеини добил 138.449,40 денари од ЈП Градски Гробишта-Охрид за Градежни материјали, 846.060,00 денари од истото претпријатие за градежни материјали, 217.637,05 денари од ОУ Кочо Рацин Охрид за Уредување на влезот на училиштето и комплетно уредување на тоалети во ООУ„Кочо Рацин“,ПУ.Долно Лакочереј, 174.522,00 денари од ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД за Градежни материјали, 1.313.600,90 денари за ОУ Братство Единство – Охрид за изведување работи за реконструкција на санитарни јазли (тоалети) во ООУ „Братство Единство“ – Охрид во училишна зграда Лескајца, 3.422.000,00 денари од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – ОХРИД за Фракционен камен агрегат, 1.013.030,00 денари од ЈП Градски Гробишта-Охрид за Градежни материјали, 617.966,00 денари ЈП Охридски Комуналец Охрид за Набавка на градежни материјали.

Во ДПМНЕ мислењето за Нефи Усеини не било секогаш толку позитивно. Во продолжение можете да слушнете прес-конференција во партиското седиште каде Нефи Усеини се прогласува за најголем криминалец, мафијаш и бетонизатор на Охрид.

А како се мести тендер за багер во Охрид беше објаснето и во „Тешки муабети“ на Инфомакс, па погледнете го и тоа видео во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило падна во Крива река, загинаа две…

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа.…

Осумгодишно девојче од Охрид со тешка сколиоза…

Осумгодишно неподвижно девојче од Охрид со тешка…

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, двајца се во стабилна…

Едно лице загина, двајца се во стабилна…

Што е со децата? Малолетници нападнале врсничка…

Малолетничка била нападната во угостителски објект во…

Претрес во Охрид, пронајдена дрога!

На 22.05.2024 во 21.20 часот во Охрид,…