(Видео) Ekcплозија во Белград, повpeдени две лица

t

Во ресторанот „Кошница“ на улицата „Омладинских бригада“ во Нов Белград околу 22 часот избувнаа експлозија и пожар при што изгоре целиот објект. Две лица се полесно повредени, а пожарот е локализиран, изјавија за Танјуг од Брзата помош и МВР.
Според првите информации, во кујната на ресторанот експлодирала плинска боца.

На местото на пожарот е испратено противпожарно возило со осум пожарникари од ВСЈ Земун, како и девет пожарникари од ВСЈ Вождовац.

„Новости“ јавува дека пожарот се проширил на три згради и дека се испратени дополнителни сили – противпожарно возило и цистерна и скала од ВСЈ Звездара со 12 пожарникари.

Од Брзата помош за Танјуг изјавија дека на местото на пожарот се испратени две екипи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…

Македонската партија во Србија застана зад Студентската…

Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…

Студентите официјално ќе одат на избори —…

Републичката изборна комисија (РИК) вчера ја потврди…

Вучиќ: Србија е подготвена повторно да воведе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…

Белград ќе биде домаќин на финалето на…

Белград ќе биде домаќин на финалето на…