Објавено на:

Висар Муслиу: Ќе ги надвладееме емоциите – Потругалија е фавоит на хартија ама и Италија беше!

t

Еден од најдобрите на мечот против Италија дефанзивецот Висар Муслиу. Столбот пред историскиот меч  со Португалија изјави:

„Секако е дека емоциите за Италија се завршени. Сега цел поглед ни е кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека чека еден многу тежок меч, со многу притисок и на наша и на нивна страна. Тоа мора да го отстраниме со нашата професионалност. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без никакви шанси во финалето“, изјави Муслиу.

Следува “судир” со Португалија, кој е закажан за вторник со почеток од 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонија ќе “ќари”: Продадена резиденцијата на…

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија…

Андревски: САД никогаш не отстапија од поддршката…

Новата американска амбасадорка Ангела Агелер деновиве положи…

Бектеши: Ако потпишеме договор со Србија гасот…

Доколку се потпише договорот со Србија, „ќе…

На денешен ден: Македонците и Грците се…

Драмското востание е кренато на 29 септември…