Владата напладне закажа седница

t

Владата денеска ќе jа одржи 104-та седница со повеќе точки од својата програма , а согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе информации од министерствата и извештаи за работа на органите на управата.

На предлог на Министерството за финансии, министрите ќе ја разгледуваат Информацијата во врска со воспоставување на систем за контрола и следење на тутунски производи Track&Trace.

Исто така Владата на предлог на Министерството за надворешни работи ќе го разгледува Предлогот на закон за ратификација на договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Фон дер Лајен: Украина ќе може да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Путин го уверил Трамп: Русија нема апсолутно…

Рускиот претседател Владимир Путин му го претставил…

Ранет е 48 годишен скопјанец, пукале кон…

МВР информира дека рано утринава околу 01:50…