ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА СОПСТВЕНОТО МИНАТО

t

ВЛЕН јасно и без никаква резерва го осудува величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. За ваква објава мора да има политичка и институционална одговорност. За геноцидот во Сребреница нема релативизација, оправдување и нема две вистини. ВЛЕН никому ништо не му должи. Единствената обврска ја има кон граѓаните што му ја дадоа довербата.

Што и да каже оваа нереформирана и лицемерна ДУИ, која функционира како старо политбиро, на крајот завршува со автогол. Толку долго ја преправа сопствената историја, што веќе почна и самата да си верува во сопствените лаги.

Токму овие дежурни патриоти беа дел од власта што со сите сили го туркаше проектот мини-Југославија, попознат како „Отворен Балкан“, кој самите го продаваа како нова регионална иднина, а денес го опишуваат како инфраструктура на „српскиот свет“.

ДУИ го бара „српскиот свет“ кај другите, но бега од сопствената политичка биографија. Зборува за српско политичко, економско и медиумско влијание како дваесет години да живеела на друга планета, а не да седела во секоја влада, да раководела со клучни министерства и директно да учествувала во носењето одлуки.

Затоа, ако ДУИ сака да зборува за „српскиот свет“, ќе зборуваме. Но со датуми, нивни изјави и документи. Ќе потсетиме што зборуваа и што премолчуваа додека беа на власт, како и што се случуваше пред нивни очи.

Соопштение на ВЛЕН

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВЛЕН: Македонија станува подобра дестинација за инвестиции

Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции,…

ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и…

Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот…