ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во политичка борба и пресметка на откупната цена на пиперките – велат од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно денеска опозициската партија најави поддршка за струмичките земјоделци кои протестираа поради ниската откупна цена на пиперката од сортата куртовска капија.
Земјоделците што имаат проблем со откупот на пиперката, велат од владејачката партија, добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е „Мамас“ во сопственост на Зоран Заев.
„Следниот пат кога СДС ќе испраќа барања за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач ‘Мамас’ и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини? Е, сега, друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на Егејското Море. СДС, Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех“велат од ВМРО-ДПМНЕ.
По денешниот протест, на кој струмичките земјоделци побараа повисоки откупни цени на ајварката, опозицискиот СДСМ најави целосна поддршка на нивните барања и побара Владата да донесе системско и одржливо решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…
Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…
Талогот од СДС и предавникот Филипче не…