ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името

t

Филипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името, јазикот и Уставот на државата. Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него и одма би потпишал нов бланко лист – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Селективната принципиелност на Филипче е смешна, му пречат дата центри, не му пречат провизии од вакцини. Неговиот мандат како министер јасно покажа дека му одговара само некој тендер, провизија од вакцина, па дури сакаше и да одземе болница со уцени за судски спорови.

Јасно ни е, на Филипче му пречи секој успех на Македонија, му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%.

Филипче да се преиспита што точно му одговара, дека до сега знаеме оти не му пречат висококатниците во Дубаи, златни визи, јахтите во Грчка, знаеме дека е фан на Џиновиќ и на Заев, ама не знаеме зошто му пречат сите неуморни напори на Владата да ја води државата напред и да го подобри животот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…