ВНИМАВАЈТЕ! „СЕЈФ СИТИ“ ОД УТРЕ КАЗНУВА!
Од утре официјално започнува примената на казни преку системот Сејф сити, со што завршува периодот на предупредувања и тестирање. Сообраќајните камери поставени на клучни локации низ Скопје и другите градови ќе ги евидентираат прекршоците автоматски, а казните ќе се доставуваат без директна полициска интервенција.
Системот е наменет за регистрирање на најчестите и најопасни сообраќајни прекршоци – пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување нерегистрирано возило, како и неправилно запирање и паркирање. Надлежните информираат дека техничката фаза е завршена и дека од утре нема да има толеранција.
Казните ќе се испраќаат по електронски и по поштенски пат, поради што од МВР апелираат граѓаните да ги проверат и ажурираат своите податоци во системите на институциите. Во случај на навремено плаќање, законски е предвидено и намалување на износот на казната.
Според надлежните, целта на „Сејф сити“ не е репресија, туку зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Во пракса, тоа значи дека од утре камерите ќе бидат постојано „будни“, а секој прекршок ќе има последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВНИМАВАЈТЕ! „СЕЈФ СИТИ“ ОД УТРЕ КАЗНУВА!
Од утре официјално започнува примената на казни…
Изречени казни од 40.000 евра од страна…
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е…
Возач „летал“ со 188 километри на час…
На 05.01.2026 во 01:51 часот во Штип, полициски…
Десет осигурителни компании во Македонија добија казни…
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата…
Од денес стартува „Сејф сити“, прво опомени,…
Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во…