(Во живо) Талат се нацрта: Османи, Али, Груби и цело ДУИ во Слупчане…

t

„На пат кон легендарното Липково“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на официјалниот Фејсбук профил објавувајќи фотографија на која може да се видат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.

Вчера градоначалникот на општина Липково од ДУИ Еркан Арифи на својот официјален профил на Фејсбук напиша дека на 2 мај свечено ќе биде откриена спомен кулата во чест на борците на „ОНА во липковското село Слупчане. Тој објави видео на кој се гледа кулата висока 20 метри. Дел од медиумите јавуваат дека за него од општинскиот буџет се потрошени 200 илјади евра.

Одлуки за изградбата на спомен обележја според Законот за меморијални споменици и спомен обележја носи Собранието или единиците за локална самоуправа.

Пред неколку дена Талат Џафери изјави дека нема да оди на откривањето на новиот споменик на УЧК во Слупчане. На 2 мај ќе има голем настан каде во пристуство на челници на ДУИ ќе се отвори ова спомен обележје од воениот конфликт во 2001 година.

Во кумановско Слупчане во тек е настанот на кој се открива споменикот висок 20 метри, во чест на паднатите борци на т.н. „ОНА“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…