(Во живо) Филипче: Ќе иницирам средба на сите парламентарни партии за патот кон ЕУ – И власт и опозиција да усвоиме црвени линии и да отидеме во Брисел

t

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во комуникација по средбата Филипче-Мицкоски, вели во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Како што вели Филипче по средбата со Мицкоски се работи на заедничката реформска агенда, со цел полесно и побрзо пристапување кон Европската унија.

– Работни групи работат на важни закони во правосудството, нашите коментари на нивните текстови ќе ги дадеме следната недела, се надевам дека се ќе биде усвоено со широк консензус. Во сите држави во процесот на преговори со ЕУ се работело заедно, власт и опозиција, Хрватска и Германија се еден позитивен пример, вели Филипче.

Сепак, Филипче вели дека има разлики по однос на уставните измени.

– Во следниот период ќе иницирам средба на сите парламентарни политички партии за да разговараме за Францускиот предлог и што е пречката да се усвојат уставните измени. Главната пречка е на пример историската комисија, некој мисли дека ќе ни го земат Гоце Делчев или слично, меѓутоа во протоколот број 2 се вели дека решенија не се задолжителни, туку се охрабрува Комисијата да работи. Тоа значи дека ако не се согласиме нема ни да дојдат на точна на дневен ред одредени теми. Тоа можеби е и некој ирационален страв, затоа и ќе иницирам разговори, вели Филипче кој вели дека ќе предложи Македонија да отиде во Брисел со заеднички црвени линии усвоени во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…