Во секоја општина да се отвори семеен центар за врсничко насилство, предлага ЛДП

t

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага да се отворат семејни центри во секоја општина.

Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство.

„ЛДП предлага формирање на семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата.

Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен.

„Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, посочува Јанкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…

На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…