Објавено на:

Временска прогноза: Променливо облачно, попладне дожд и снег

t

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места и поинтензивни ќе бидат во јужните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Повремено и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе преминуваат само во снег и на некои пониски места. Исто така во следниот период снежната покривка на повисоките и планинските места позначително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на некои пониски места и тоа особено во западните и во југозападните предели.

Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на значителен пад и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 7 степени и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…