Вучиќ отвори ултра модерен стадион во Заечар, ќе се гради нов национален стадион во Белград!

t

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, за време на обиколката на новиот стадион „Краљевица“ во Заечар, придружуван од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го наведе рокот до кој ќе биде завршен новиот национален стадион во Сурчин-Белград.

Одговорајќи на прашањето кога може Србија да очекува големо натпреварување на кое организатор ќе биде земјата, Вучиќ изјави дека за тоа е потребна подобра инфраструктура и завршен национален стадион.

Испративме писмодо УЕФА за финалето на Лига Европа да се игра кога ќе го изградиме Националниот стадион, кој ќе биде готов до 1 декември 2026 година. Ни треба подобра инфраструктура за натпревари и повеќе стадиони. Далеку сме од Шпанија, Англија, Германија, рече Вучиќ.

Тој додаде дека по отворањето на стадионите во Заечар и Лозница ќе се реконструираат стадионите во Ниш и Крагуевац, а белградските стадиони на Партизан и на Црвена звезда „мора да станат помодерни“, и затоа останува и тие да се реконструираат.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин додаде дека Србија се уште е далеку од организација на големи натпреварувања.

Ако имате подобра инфраструктура, се е можно, засега е тешко, рече Чеферин.

Претходно, Вучиќ и Чеферин, свечено го отворија четвртиот модерен стадион изграден во последните неколку години во Србија со буџетски средства и донации од УЕФА.

Ова е Заечар, не сте во Лондон. Никој не веруваше кога го поставувавме камен – темелникот на оној дожд. Сега имаме четири прекрасни, нови стадиони, во Заечар, Лесковац, Лозница и Бачка Топола, а следуваат Ниш, Крагуевац, Нови Сад и Националниот стадион (во Белград)“, изјави Вучиќ на свеченоста.

Стадионот „Краљевица“ во Заечар е изграден според највисоките стандарди на УЕФА, со капацитет од 8.168 места, а за целиот проект се потрошени околу 28 милиони евра.

Мило ми е кога ја гледам оваа прекрасна инфраструктура и што прв ат во животот сум во овој дел од Србија. Мило ми е што и овие делови од Србија добиваат вистинска спортска инфраструктура“, изјави Чеферин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…

Дојави за бомби во повеќе белградски училишта

Во неколку белградски училишта денеска повторно пристигнале…

Вучиќ: Бугарите негодуваат, затоа што сме попопуларни…

Ги сакам сите вина на нашите браќа…

(Видео) НАТО силно го поддржува дијалогот меѓу…

НАТО е посветен на дијалогот меѓу Белград…

Кремљ: На Србија ѝ е многу тешко,…

Русија ја разбира позицијата на Србија за…