МНР потврди дека македонска државјанка загинала во Србија
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени. Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.
Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белград ќе биде домаќин на финалето на…
Белград ќе биде домаќин на финалето на…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…