Објавено на:

Германски политичари: Време е Меркел да ја објасни политиката кон Русија

t

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја осуди руската воена операција, но вели дека останува на нејзината одлука од 2008 година да го блокира членството на Украина во НАТО.

Угледот на Ангела Меркел е нарушен во Германија во последните недели, пишува „Телеграф“.


„По инвазијата на Украина, поранешните министри кои служеа во нејзиниот мандат, пак, се откажаа од нејзината надворешна политика“ пишува весникот.

„Никогаш во животот не помислив дека ќе влеземе во ваква криза со Русија“, изјави Волфганг Шојбле, поранешен министер за финансии за време на мандатот на Меркел. „ И мислев дека мораме да работиме со Русија. Денес знам: згрешив, сите погрешивме“.

„Соочени сме со горчливо знаење“, рече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи во времето на Ангела Меркел.

„Се задржавме на изградбата на мостови во кои Русија повеќе не веруваше и на кои нашите партнери не предупредуваа. Јас згрешив, но не бев единствениот“, рече тој.

Меркел даде кратка изјава во која ја осудува инвазијата на Украина, но вели дека „останува на нејзината одлука од 2008 година“ да го блокира членството на Украина во НАТО. Освен тоа, таа не кажа ништо повеќе, оставајќи ја Германија да размислува за нејзиното наследство само неколку месеци откако се пензионираше како една од најголемите канцеларки во германската историја.

Заменик-шефот на Бундестагот од редовите на ЦДУ, Јохан Ваделпул, на прашањето дали Меркел тотално погрешно го разбрала Владимир Путин за време на нејзините 16 години на власт, рече дека е време поранешната канцеларка да објасни некои работи.

„Се надевам дека Ангела Меркел наскоро ќе најде време и можност подетално да ја коментира нејзината политика кон Русија“, рече Ваделпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор на автопатот Тетово-Гостивар: Голф излетал од…

Денеска, околу 19 часот, на автопатот Тетово-Гостивар…

Бесими дециден: За поголеми плати треба да…

Да бев во позиција да им кажам…

Инвестициски бум во Србија: Мерцедес и Тојота…

Република Србија може да добие две нови…

(Видео) Падна Лиман – упориштето на украинските…

Упориштето на Доњецк падна во рацете на…

Здравствени придобивки од пивото: 10 причини зошто…

Конечно и љубителите на пивото може да…